wordpress counter

Мали тортички со овошје и крем (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во првиот дел наведовме како се подготвува тестото и кремот за малите тортички или попознати како „tartlets“. Денес, ќе ви предложиме неколку интерсни комбинации со овошје, токму за летниот период.

Мини тортички со боровинки и шлаг

СОСТОЈКИ
• 3 шолји свежи боровинки
• половина шолја шеќер
• половина мала лажица цимет
• 1 мала лажица сируп од пченка
• малку сол
• 1 шолја вода
• 2 големи лажици сок од лимон
• шлаг
• 10-тина кори за тортички

ПОДГОТОВКА
Измијте и исушете ги боровинките. На умерен оган, мешајте смеса од вода, шеќер, сируп од пченка и сол. Кога ќе се излади, додадете го сокот од лимон. Ставете ги боровинките врз тестото и прелијте со сладок сируп. Оставете да се излади во фрижидер. Потоа, додаете шлаг и уште неколку боровинки или друго овошје по ваш вкус.

.

Тортички со малини и чоколадо

СОСТОЈКИ
• 24 кори за торитчки
• 200 гр бело чоколадо
• 2 белки од јајца
• шлаг
• 1 шолја свежи малини
• 1 лажица сок од лимон
• 1 1/2 шолја шеќер

ПОДГОТОВКА
Испечете го тестото и исполнете го со бело чоколадо. Измиксирајте ги малините, шеќерот, сокот од лимон и 2 белки. Додадете шлаг и целата смеса излијте ја во тортичките.

Related Posts with Thumbnails