wordpress counter

Мандулат

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Покрај како десерт, мандулат можете да послужите и како здрав меѓуоброк. Содржи бадем, шеќер, мед и белки од јајца завиткани во обланда. Станува збор за јадрански десерт кој е мошне популарен.

СОСТОЈКИ
• 2 листа обланди
• 4 белки
• 300 гр шеќер во прав
• 2 пакетчиња ванилин шеќер
• 300 гр мед
• 300 гр пропржени бадеми

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: направете густ шлаг од белките. Со постајно мешање, додавајте шеќер и ванилин шеќер. На пареа, истопете го медот, на кој со постојано мешање му додаваме шлаг. Кога ќе се поврзе целата смеса, варете на пареа 45 минути со повремено мешање.

Чекор 2: по 45 минути, додадете ги бадемите и варете уште 20-тина минути, поточно додека смесата не започне да се одвојува од садот. Додека е сè уште топла, ставете ја врз обландата и израмнете го филот. Покријте со втората обланда и притиснете со рака за да се спојат убаво сите три дела.

Чекор 3: оставете го десертот да отстои преку ноќта. Следниот ден, со помош на загреан нож, насечете го на коцки или правоаголници и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Палачинка „Into The Wild“

Постојат илјадници начини како да ги сервирате палачинките кои сте ги приготвиле (ако не и повеќе). Денешниот наш предлог е...

Close