wordpress counter

Мангомису

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веројатно сите сте слушнале за прекрасното италијанско колаче тирамису. Денес, ние ви предлагаме да направите една посебна варијанта, која како што кажува и самото име Мангомису, содржи манго.

Едноставно, десерт во кој ќе ужива секој.

СОСТОЈКИ (за 6 лица)
• 500 гр маскарпоне
• 600 мл слатка павлака
• 50 гр шеќер
• 2 жолчки
• 1 ванилин шеќер
• 125 мл ликер од портокал
• сок од 2 портокала
• 300 гр бисквити – пишкоти
• 3 манго плодови, исечкани со 1 цм дебелина

сос од малини
• 55 гр шеќер
• 250 гр свежи или замрзнати малини
• сок од 1 лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Обложете ја тавата за печење (по можност кружна, со дијаметар од 22 см) со хартија за печење. Ставете го маскарпонето, шеќерот, слатката павлака, жолчките и ванилиниот шеќер во длабок пластичен сад и матете со помош на миксер сѐ додека не добиете густа, хомогена смеса.

Измешајте ги ликерот и сокот од портокал во посебен сад. Секоја од пишкотите потопете ја до половина во ликерот и наредете ја во садот за печење. Кога ќе направите еден ред со пишкоти, ставете една третина до смесата со маскарпоне и една третина од парчињата манго. Повторете го процесот сѐ додека имате состојки. Најгоре, покријте со парчиња манго. Прекријте ја тавата и оставете да се лади околу 2 часа.

Во меѓувреме, пригответе го сосот од малини. Ставете го шеќерот и 2 големи лажици вода во мал сад на умерен оган. Растопете го шеќерот. Потоа, малку изладете го шеќерот и додадете ги малините и сокот од лимон. Измешајте ги сите состојки во блендер. Оставете да убаво да се излади во фрижидер.

Пред сервирање, внимателно извадете го колачот од садот за печење и ставете го во сад за послужување. Декорирајте со спирално пресечно манго и сос од малини.

Related Posts with Thumbnails