wordpress counter

Мека и сочна пита од тиква

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека е сезона на тикви, овој прекрасен есенски плод може да се искористи на безброј начини. За денес, се одлучивме да приготвиме сочна и мека пита од тиква.

СОСТОЈКИ
● 250 гр плод од тиква
● 250 гр свежо кравјо сирење
● 1 јајце
● 400 гр кисела павлака
● сол
● 500 гр кори
● малку путер, масло и млеко (за подмачкување)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изрендајте ја тиквата и посолете ја. Оставете да излезе вишокот течности од неа и потоа добро исцедете ја. Ставете ја на кујнска крпа да стои уште неколку минути.

Чекор 2: во сад, ставете ги исцедената тиква, пасирано кравјо сирење, павлака , јајце и сол. Сите состојки добро измешајте ги и вкусете од смесата за да утврдите дали е доволно солена. На подлога од кујнска крпа, ставете една кора, попрскајте ја со малку млеко и масло. Истото направете го и со преостанатите кори кои ќе ги редите една врз друга.

Чекор 3: на крај, распоредете го филот од тиква до половина на корите и свртете ги во ролат. Садот во кој ќе ја печете питата, намачкајте го со масло и печете 20-25 минути во загреана рерна на 180 степени.

Related Posts with Thumbnails