wordpress counter

Мени за католички Божиќ – Десерт: Тоскански колач

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Тоскански колач

Тоскана е областа каде се удираат темелите на ренесансата и каде се родени безброј уметници. Велат дека сѐ што доаѓа од оваа област е уметност. Истото се смета и за овој колач. Станува збор за совршен рецепт, со кој пријатно ќе ги изненадите и повозрасните и помалите членови на вашето семејство. За момент, во мислите ќе отпатувате во кафуле во центарот на Фиренца и ќе ја почуствувате магијата на овој колач.

СОСТОЈКИ
• 2 јајца
• 135 гр шеќер
• 90 гр топен путер
• 60 мл домашно маслиново масло
• 75 мл млеко
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 200 гр пченкарно брашно
• ½ лажичка прашок за пециво
• малку сол
• 125 гр свежи или замрзнати боровници
• 125 гр свежи или замрзнати црвени рибизли
• рендана кора од 1 портокал
• рендана кора од 1 лимон
• шеќер во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Јајцата ставете ги во подлабок сад за матење и додадете го шеќерот. Матете со миксер околу 5 минути, додека не згусне масата и не добие светло жолта боја. Во смесата со јајца додадете го растопениот путер, маслиновото масло, ванилиниот екстракт и млекото. После додавањето на секоја состојка, мешајте ја смесата околку 1 минута. На крајот, додадете ги ренданите кори од лимон и портокал и малку сол.

Постепено додавајте брашно и прашок за пециво. Овошјето треба да биде на собна температура. Доколку користите замрзнато овошје, треба да биде половично одмрзнато, за да не се раскашави. Додадете шеќер по ваш вкус. ¼ од овошјето измешајте го со припремената смеса за тесто и добро промешајте.

Премачкајте го калапот за печење со путер. Ставете ја смесата во калап за печење, во загреана рерна на 175℃ и печете 20 минути. Кога колачот ќе биде полупечен, ставете го остатокот од овошјето и втиснете го во тестото. Печете уште 30 минути на истата температура. Кога ќе биде готов, извадете го од рерната и наросете со шеќер во прав.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails