wordpress counter

Новогодишно мени – Десерт: Фереро Роше торта

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Фереро Роше торта

За новогодишната вечер дефинитивно заслужувате вистински празничен десерт. Доколку сте љубители на „Фереро Роше“, ова ќе биде вашата омилена торта. Не се сомневаме дека и сите останати ваши гости и блиски ќе бидат воодушевени. Оваа торта ќе ви овозможи совршен кралски крај на еден новогодишен оброк.

СОСТОЈКИ

за тестото
• 5 јајца
• 250 гр шеќер
• 250 гр брашно
• 2-3 супени лажици какао
• 1 дл масло за јадење
• 1 дл вода
• 1 кесичка прашак за пециво

за филот
• 500 гр маскарпоне
• 2-4 дл слатка павлака
• 4-5 лажици „Нутела“
• 200-300 гр лешници

за чоколадната глазура
• 2 дл слатка хопла
• 200 гр црно чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ

за тестото
Жолчките изматете ги со шеќерот. Какаото прелијте го со 2-3 лажици жешка вода, промешајте за да добиете густа смеса и додадете го во жолчките. Со постојано мешање со миксер, додавајте вода и масло. Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете ги во смесата. Изматете ги белките, да станат цврсти и густи и додавајте ги постепно во смесата. Мешајте додека добро не се соединат. Ставете ја смесата во кружен сад за печење и со хартија за печење.

Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180℃. Печете повеќе од половина час. Со чепкалка за заби проверете дали е готово тестото пред да го извадите од рерната. Кога ќе го извадите, оставете го да се излади, а потоа пресечете го по должина (хоризонтално), за да добиете 3 кори.

за филот
Изматете го маскарпонето и додадете ја „Нутелата“. Потоа, додадете ја изматената слатка павлака. Измелете ги лешниците, но оставете и некои по крупни парчиња и додадете ги во смесата. Откако целата смеса добро ќе ја изматите, филувајте ја тортата. Ставете ја тортата во фижидер, добро да се излади.

Во меѓувреме, пригответе ја чоколадната глазура. Слатката павлака загрејте ја сѐ додека не почне да врие, потоа тргнете ја од огнот и додадете го чоколадото. Мешајте сѐ додека не се соединат убаво. Оставете малку да се излади, па прелијте ја тортата со филот. Можете дел од глазурата да ја ставите во шприц за украсување и да го декорирате ова ремек дело.

Related Posts with Thumbnails