wordpress counter

Нутела „чизкејк“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 4,82 од 5)


Денешниот десерт е вистинска кулинарска декаденција. Станува збор за единствена комбинација од сирење и нутела, поради која ќе ги заборавите сите други десерти. Најважно од сè е дека не се пече, што значи дека не можете никако да погрешите при подготвката која трае само 15-тина минути.

СОСТОЈКИ (4-6 порции)

за тесто
• 12 „Орео“ колачиња (или слични на нив)
• 3 големи лажици путер, стопен

за фил
• 250 гр крем сирење
• 2/3 шолја „Нутела“
• 1 мала лажица екстракт од ванила
• 1 кесичка шлаг во прав

за декорација
• шлаг
• кршени лешници
• крупно рендано чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад со средна големина, измешајте ги колачињата (кои претходно сте ги издробиле) и растопениот путер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Смесата рамномерно распределете ја во стаклени садови за десерт и со помош на лажица притиснете ја смесата надолу.

Чекор 2: во подлабок сад, со помош на миксер, измешајте ги крем сирењето и нутелата. Додадете ванила и измешајте. На крај додадете го шлагот во ќесичка и продолжете со миксирање, сѐ додека исчезнат сите грутки.

Чекор 3: повторно распределете ја смесата во секој сад. Потоа, покријте ги садовите со фолија и оставете ги да отстојат барем два часа во фрижидер.

Чекор 4: шлагот ставете го на крај и декорирајте со лешници или бадеми, и крупно рендано чоколадо.

Related Posts with Thumbnails