Овошна торта со кајсии
Со оглед дека пазарите и маркетите се преполни со ова летно овошје, денешниот рецепт го посветуваме на овошна торта со кајсии.
СОСТОЈКИ
за тесто
• 120 гр путер или маргарин
• 60 гр шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 2 јајца
• 240 гр брашно
• прашок за пециво
• малку сол
• малку изрендана кора од лимонза фил
• 500 гр кајсии
• 4 лажици мармалад од кајсии
• 2 големи лажици водаПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на темература од 180℃. Измешајте ги сите состојки за тестото. Од тестото направете топка, замотајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер.Чекор 2: полијте ги кајсиите со жешка вода, отстранете им ја лушпата, пресечете ги на половина и отстранете ги семките. Потоа, тестото ставете го во калап за торта и израмнете го.
Чекор 3: врз рамното тесто, наредете ги половинките кајсии. Во меѓувреме, мармаладот загрејте го со вода и варете сè додека не се растопи. Со оваа смеса, прелијте ја тортата. Печете околу 25 минути. Оставете да се излади и сервирајте.
