wordpress counter

Пенлив чоколаден мус

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,67 од 5)


Доколку сте го гледале филмот „Чоколадо“ со Џони Деп, сигурно сте го забележале чоколадниот десерт во стаклена чаша и за момент сте посакале да ви е во раката и да го вкусите. Наредниот пат кога ќе добиете таква желба, ќе можете само за неколку минути самите да си го подготвите и да уживате во вкусот на ароматичното пенливо чоколадо.

СОСТОЈКИ
• 200 гр квалитетно црно чоколадо
• 20 гр путер
• 2 лажици рум, или есенција од рум
• 250 мл (1 чаша) густ шлаг
• 3 јајца

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете го чоколадото, путерот и румот во сад со двојно дно или огноотпорен сад. Ставете го на оган и мешајте сѐ додека не се растопи и поврзе смесата.

Откако ќе се соединат состојките, тргнете го садот од оган. Почекајте малку за да се излади смесата и потоа додадете ги жолчките од трите јајца. Мешајте со метална лажица, сѐ додека не се соединат сите состојки.

Додадете го густиот шлаг со лажица и изматете со миксер. Изматете ги белките од јајцата во посебен сад (да станат пенести) и додајте ги во чоколадната смеса. Изматете повторно со миксер и сипете го мусот во 4 стаклени садови, ставете го во фрижидер и почекајте 2-3 часа да се зацврсти.

Извадете го од фрижидер, декорирарајте со шлаг, рендано чоколадо, шумско овошје или некое слатко и уживајте во неповторливиот вкус на овој десерт.

Related Posts with Thumbnails