wordpress counter

Пита со чоколадо и малини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес ви подаруваме рецепт за едноставен десерт со кој ќе го засладите апетитот на секого. Приготвувањето трае 30-тина минути и за толку кратко време ќе имате вистинска делиција на трпезата.

СОСТОЈКИ (за 8 порции)

за тесто
● 300 гр кекс (кршен)
● 150 гр мелени бадеми
● 250 гр растопен путер

за чоколаден крем
● 6 жолчки
● 150 гр шеќер
● 50 гр брашно
● 600 мл млеко
● 200 гр темно чоколадо, крупно издробено

за фил
● 300 гр малини
● 60 гр мармалад од кајсии

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за печење можете да го премачкате со путер. Измешајте ги кексот, бадемите и путерот и мешајте за да добиете хомогена смеса. Смесата ставете ја во калапот и печете 5-10 минути. Оставете го во фржидер 1 час за да се излади.

Чекор 2: со помош на миксер (најголема брзина) измешајте ги жолчките со 50 гр шеќер. Мешајте додека смесата не стане светла по боја и пенеста. Додадете го брашното и мешајте поспоро.

Чекор 3: загрејте го млекото со преостанатите 100 гр шеќер на умерен оган. Оставете смесата да зоврие. Потоа, со постојано мешање, налевајте го врелото млеко во смесата со јајца. Вратете ја смесата и оставете повторно да проврие на умерен оган (околу 2 минути).

Чекор 4: чоколадото ставете го во сад и прелијте го со врелата смеса. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Покријте го садот и оставете да се излади.

Чекор 5: нанесете го чоколадниот крем на изладено испечено тесто и ставете го фрижидер околу 2 часа. Потоа, наредете ги малините и прелијте со растопен мармалад од кајсии.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Оживеа Одри Хепберн

Една од најубавите холивудски актерки, Одри Хепберн, „оживеа“ во реклама за чоколадо. Станува збор за тв реклама за чоколадото „Галакси“....

Close