wordpress counter

Пита со тиква

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,00 од 5)


Во моментов, пазарите се преполни со најразлични видови на тиква. Мали, големи, жолти, бели, портокалови, зелени… Искористете ја можноста да ги внесете во организмот сите корисни состојки на тиквата, да ви блесне кожата од нејзиниот каротен, да ви го подобри системот на варење со нејзиниот лутеин и да го збогатите организмот со витамини и минерали.

Направете пита од тиква и притоа искористете ги и семките. Нив можете да ги испечете или да ги консумирате свежи. Овој рецепт не е сложен за приготвување. Сепак, доколку ви е мачно да ги сукате корите, можете да купите и готови.

СОСТОЈКИ
• 1 кг брашно
• 1 квасец
• ½ литар млеко
• 15 лажици масло за јадење
• 4 лажици шеќер
• 1 лажиче сол
• 1 јајце
• 1 тиква за печење
• 1 кесичка цимет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во квасецот се додава 1-2 лажици млеко и се замесува заедно со тестото направено од брашно, масло, сол и малку шеќер. Се остава да стаса половина час, во покриен сад на топло.

Потоа, се прават топчиња со дебелина од 5 см. Се посипуваат со брашно и се расукуваат во големина на мала чинија. Откако ќе ги исукате, премачкајте ги со путер, наредете ги една врз друга и потоа ставете ги во фрижидер.

Во меѓувреме, се ренда една тиква и се зачинува со кесичка цимет и шеќер. Во неа се додава изматеното јајце и млекото. Се вади тестото од фрижидер и секоја мала кора се расукува во поголема и потенка. Се ставаат три, една врз друга, премачкани со зејтин помеѓу нив.

Одозгора се става по 3-4 лажици од смесата со тиквата и се замотуваат во ролат. Истото повторете го со сите преостанати кори.

На крај, ставете ги во подмачкана тепсија и печете половина час на 200℃. Можете да сервирате со шеќер во прав, за да го подобрите изгледот и да ја засладите питата.

Related Posts with Thumbnails