wordpress counter

Пита со вишни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вишната е плод кој може да се најде во изобилство во овој период. Затоа, денешниот рецепт е посветен на вкусен десерт со вишни. Секако, доколку повеќе сакате, истиот десерт можете да го направите со цреши, свежи или замрнати.

За подготовка на овој десерт ви се потребни околу 25 минути, а за печење околу 50-тина минути. Така, за малку повеќе од еден час, имате вистински сладок специјалитет на вашата маса.

СОСТОЈКИ (за 8 порции)

за тесто
• 2 шолји брашно
• 1/2 мала лажица сол
• 2/3 шолја маргарин
• 6 големи лажици вода

за фил
• 5 шолји вишни и цреши
• 1 ¼ шолја шеќер
• 3/4 шолја суви цреши или вишни
• ½ мала лажица рендан кардамом или ¼ мала лажица мускатно оревче
• млеко
• ¼ шолја брашно

ПОДГОТОВКА
Подгответе го тестото. Во сад помешајте 2 шолји брашно и ½ мала лажица сол. Измешајте со миксер и додете 2/3 шолја маргарин. Постепено ставајте вода притискајќи со вилушка, сѐ додека тестото не формира топчиња. Поделете го тестото на две топки, едната малку поголема од другата.

Попрскајте ја со брашно работната површина. Исукајте ја едната топка и тестото сместете го во кружен сад за печење. Оставете малку од тестото да излегува на краевите од садот. Исукајте ја и другата топка и исечете тенки ленти.

Во посебен сад ставете ги вишните, шеќерот, сувите цреши или вишни, брашното и кардамомот или мускатното оревче. Измиксирајте и филот налејте го врз тестото во садот за печење. Наредете ги лентите од тесто одозгора, во форма на решетка.

Со прстите, притиснете го убаво тестото кое излегува од садот. Со четкичка намачкајте го тестото со млеко и попрскајте со шеќер. Покријте ги краевите на питата со фолија. Печете 30 минути на температура од 180℃. Отстранете ја фолијата и печете уште 20 минути.

Оставете да се излади, а потоа сервирајте.

Related Posts with Thumbnails