wordpress counter

Пудинг од ориз и вишни

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е за оние моменти кога ви се јаде нешто слатко набрзина, а тоа да не биде некое чоколадо или колаче од продавница. За овој десерт ќе ви бидат потребни само триесетина минути. А, секако, ако ве изненадат гости, со овој десерт ќе можете бргу да ја „извадите“ ситуацијата.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 шолји ориз
• 1 2/3 шолји млеко
• ½ мала лажица ванила
• малку сол
• 2/3 шолја бело чоколадо, рендано
• ½ шолја вишни

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад за варење ставете го претходно сварениот ориз, млекото, ванилата и малку сол. Варете на средна температура 6-8 минути со повремено мешање. По 8 минути, садот тргнете го од оган и додадете го белото чоколадо. Оставете да отстои неколку минути. Прелијте преку ½ шолја вишни.

Related Posts with Thumbnails