wordpress counter

Штрудла со смокви и бадеми

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако барате идеја за брз и вкусен десерт, тогаш ја читате вистинската статија. Рецептот за оваа домашна штрудла со бадеми и смокви е мошне едноставен и може да го направи секој. Обидете се слобдно, не можете да погрешите.

СОСТОЈКИ

за тесто
• 70 гр мед
• 100 гр путер
• 200 гр брашно

за фил
• 90 гр бадеми
• 60 гр мармалад од смокви
• 20 гр кафен шеќер во прав
• малку бел шеќер во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Бадемите се поливаат со врела вода и треба да отстојат 6-7 минути. Потоа, излупете ги.

Откако ќе ги излупите, исчекајте ги ситно бадемите. Додадете им мармалад од смокви и кафен шеќер во прав. Измешајте со миксер, за да добиете еднолична смеса.

Загрејте го медот со 1 лажица вода. Мешајте сѐ додека медот не се истопи, но внимавајте да не се свари. Потоа, тргнете го садот од оган и додадете путер. Оставете да се излади на собна температура.

На путерот и медот посипајте го брашното и добро измешајте, за да добиете компактна маса. Тестото замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 30-тина минута. На хартија за печење, исукајте го тестото со дебелина 3-4 мм во форма на правоаголник.

На едната страна од тестото, ставете рамномерно од смесата со бадем и мармалад од смокви. Потоа, со другата половина од тестото прекријте го делот со фил. Ако се појави вишок тесто од страните, отстранете го. Притиснете го тестото со прсти, за да нема никаков отвор.

Загрејте ја рерната на 200℃. Печете 8-10 минути. Потоа, оставете да се излади. На крај, посипете со шеќер во прав.

Related Posts with Thumbnails