wordpress counter

Сладолед од кекс и сладолед од малини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Кога температурите ќе се искачат над 30 степени, ништо не може да освежи така добро како сладоледот. Уште кога е домашен, тогаш не може има грешка и плус можете да јадете колку сакате. Затоа, на денешното мени имаме два вкусни сладоледи.

Сладолед од малини

СОСТОЈКИ
• ½ кг малини
• ½ л слатка павлака
• 100 гр шеќер во прав
• 2 кесички шлаг

ПРИГОТВУВАЊЕ
Измијте и исцедете ги малините. Изматете ја павлаката заедно со шеќерот. Во чашите за сладолед, ставете малку од изматената павлака, потоа малини, павлака и на крај повторно малини. Оставете во фрижидер да се замрзне и сервирајте. Сладоледот можете да го декорирате со изматен шлаг.

.

Сладолед од кекс

СОСТОЈКИ
• ½ л млеко
• 4 жолчки
• 150 гр шеќер
• 100 гр мелен кекс

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги жолчките и шеќерот и потоа сварете ги заедно со млекото. Кога кремот ќе почне да се згуснува, тргнете го садот од оган и оставете да се излади. Потоа, во смесата додадете мелен кекс, сладоледот ставете го чаши и оставете да се замрзне. Готовиот сладолед можете да го прелиете со топено чоколадо.

Related Posts with Thumbnails