wordpress counter

Сладолед со алкохол (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Обичниот сладолед, со само неколку капки алкохол може да се претвори во вистински освежителен деликатес.

Следните неколку предлози се одлични ако сакате да направите забава или пријатна ноќна седенка во вашиот двор.

Кремаст сладолед со „Бејлис“

СОСТОЈКИ
• 100 мл млеко
• 200 мл слатка павлака
• 45 мл „Бејлис“
• 2 лажици какао
• 25 гр шеќер
• 100 мл павлака за кафе
• 1 белка од јајце
• 1 лажица шеќер
• малку сол

ПОДГОТОВКА
Загрејте ги млекото, павлаката за кафе и „Бејлис“ на умерен оган. Кога ќе започне да врие, додадете какао. Оставете да се излади. Во изладената смеса додадете шлаг и шеќер и повторно вратете ја смесата во фрижидер околу еден час. На крај, додадете малку шлаг од белка. Се служи со парченца чоколадо и неколку капки „Бејлис“.

.

Сладолед „Пелинковац“

СОСТОЈКИ
• 3 жолчки од јајца
• 70 гр шеќер
• 50 мл „Пелинковац“
• 200 гр слатка павлака
• капини или малини
• шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги трите жолчки со помош на жица за матење, заедно со шеќерот. Додадете „Пелинковац“ и оставете да се излади (околу 4 часа). Направете шлаг од павлаката и додадете го на смесата. Декорирајте со малини или капини и шеќер во прав.

Related Posts with Thumbnails