wordpress counter

Сладолед со алкохол (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Во првиот дел уживавме во прекрасните сладоледи со „Бејлис“ и сладолед со „Пелинковац“.

Во редовите подолу ви претставуваме уште два сладоледи со вкус на алкохол, кои се наменети само за возрасни.

Сладолед Пина Колада

СОСТОЈКИ
• 40 гр шеќер
• 1 голем ананас
• 200 мл млеко од кокос (може и од лименка)
• 150 гр слатка павлака
• 50 мл ликер од кокос
• сок од половина лимета

ПОДГОТОВКА
Од 40 гр шеќер и 40 мл вода направете шеќерен сируп (откако смесата ќе започне да врие, варете на умерен оган уште 2-3 минути). Додека сирупот се лади, исечкајте го ананасот на коцки и малку измиксирајте го. Додадете му сируп, млеко од кокос и павлака. Добро измешајте и потоа додадете сок од лимета и ликер од кокос. Оставете неколку часа да се излади. Сервирајте со коцки свеж ананас.

.

Сладолед од кајсии и „Амарето“

СОСТОЈКИ
• половина лименка кајсии (околу 400 гр)
• 100 гр „Crème fraiche“
• 100 гр јогурт
• 150 гр слатка павлака
• 2 ½ лажици „Амарето“
• 1 лажица сок од лимон

ПОДГОТОВКА
Измиксирајте ги кајсиите и помешајте ги со сите други состојки. Оставете да се излади и сервирајте како сладолед. Наместо кајсии, можете да користите и јагоди.

Related Posts with Thumbnails