wordpress counter

Сладолед со кандирана сланина

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Претходно пишувавме за необичните вкусови на сладолед кои може да се пробаат во различни делови на светот. Еден од нив беше и сладоледот од сланина. Токму оваа статија ја посветуваме на сладолед со кандирана сланина.

СОСТОЈКИ

за кандирана сланина
• 5 ленти сланина
• 2 мали лажици кафеав шеќер

за сладолед
• 45 гр путер
• 170 гр кафеав шеќер
• 300 мл млеко
• 300 мл слатка павлака
• 5 жолчки
• 2 мали лажици темен рум или виски
• ¼ мала лажица екстракт од ванила
• малку цимет

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200°С. Во тава ставете хартија за печење и наредете ги парчињата сланина. Попрскајте ја сланината со 2 мали лажици кафеав шеќер. Покријте со алуминиумска фолија. Печете 12-16 минути.

На половина од печењето, завртете ги лентите сланина и посипете ги со темната течност од фолијата, која се создала од шеќерот. Продолжете со печење сѐ додека не добие боја на махагони. Оставете да се олади. Потоа, исечкајте на мали парченца.

За сладоледот, истопете го путерот и потоа измешајте го шеќерот, 150 мл млеко и 150 мл слатка павлака. Остатокот од млекото и павлаката ставете ги во помал сад кој ќе го ставите во друг сад полн со лед.

Во длабок сад измешајте ги жолчките и постепено додавајте од смесата со путерот и шеќерот. Мешајте постојано. Смесата ставете ја во сад и гответе на умерен оган со постојано мешање, сѐ додека не згусне. Префрлете ја оваа смеса во садот со млеко и слатка павлака. Додадете рум, ванила и цимет.

Замрзнете и пред сервирање додадете ги парчињата сланина.

Related Posts with Thumbnails