wordpress counter

Слатка сабота

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа сабота ја прогласивме за слатка сабота. Без оглед на тоа дека помина денот на вљубените, ние ви предлагаме два слатки рецепти со кои може да го изненадите вашиот партнер.

Банани со јаболка, мед и цимет

СОСТОЈКИ
• 2 банани
• 2 јаболка
• 2 портокали
• 1 рака лешници
• мед
• цимет во прав
• 1 лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исечете ги бананите на кругови, додека јаболката изрендајте ги на најкрупниот дел од рендето. Прелијте ги јаболката со сок од лимон. Излупете ги портокалите и пресечете ги на ситни коцкички. Во чинија за сервирање, наредете ги подготвените овошја, додадете малку мед, посипете со цимет и крупно сечкани лешници.

.

Чоколаден колач

СОСТОЈКИ (за 2 лица)

за крем
• 2 жолчки
• 110 гр кафен шеќер
• 200 гр темно чоколадо
• 50 гр путер
• 1 дл слатка павлака

за прелив
• 50 гр темно чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Изматете ги жолчките и шеќерот со помош на миксер. Смесата ставете ја на шпорет, додадете растопено чоколадо и путер, кој претходно сте го омекнале.

Кремот тргнете го од шпорет. Кога ќе се излади, додадете го шлагот од слатка павлака. Оставете да отстои во фрижидер барем три часа.

Кога ќе се стврдне колачот, сервирајте во чинија за десерт. Преку него, прелејте со растопено темно чоколадо.

Совет: ако сакате да играте со бои и да го засилите визулениот ефект, преливот може да го направите и со бело чоколадо.

Related Posts with Thumbnails