wordpress counter

Сорбе од малини и портокал

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Ова е уште еден десерт, покрај сла­до­ле­дот, кој можете да го под­го­твите за жешките летни денови. Осве­жи­те­лен е и има пре­кра­сен вкус. Се прави брзо и едноставно.

СОСТОЈКИ (за 6 чаши)
• 1 ¼ шолји вода
• ½ шолја шеќер
• 1 шолја сок од пор­то­кал
• 2 големи лажици сок од лимон
• 1 ½ шолја малини (може и боровинки)

ПОДГОТОВКА
Во мал сад изме­шајте 1 шолја вода и целиот шеќер. Ста­вете го садот на шпо­рет и оста­вете да зоврие. Откако ќе зоврие, варете уште три минути и потоа садот ста­вете го настрана за да се излади сирупот.

Во блен­дер ста­вете ги мали­ните и пре­о­ста­ната вода. Мик­си­рајте околу 30-тина секунди, одно­сно додека не доби­ете пире. Во широк бокал изме­шајте ги сокот од пор­то­кал, сокот од лимон, сиру­пот од вода и шеќер и пирето од малини. Налејте ја теч­но­ста во сад за лед и оста­вете ја во замр­зну­вач околу 6 часа.

Откако ќе се излади, коц­ките сорбе ста­вете ги во блен­дер и кратко измик­си­рајте ги, за да доби­ете мазно сорбе. Потоа, изла­дете ги и чашите во кои ќе го послу­жите ова ово­шно сорбе. Се служи вед­наш по меша­њето во блендер.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Слатки