wordpress counter

Десерт: „Strawberry fool“

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


„Strawberry fool“ – пролетен, овошен десерт со потекло од Велика Британија. Станува збор за „лудо“ добар десерт, кој освен со јагоди, може да го направите со кое било сезонско овошје.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 200 гр јагоди
• 1-2 лажици шеќер во прав
• 1 лимон
• 100 мл слатка павлака
• 100 гр густ јогурт (по можност грчки јогурт)
• 5 лажици засладно, кондензирано млеко

ПОДГОТОВКА
Измијте и исушете ги и отстранете ги зелените ливчиња од јагодите. Половина од јагодите исечкајте ги и ставете ги во сад. Другата половина од јагодите, измиксирајте ја заедно со 1 лажица сок од лимон, ½ мала лажица кора од лимон и 1-2 лажици шеќер во прав.

Измешајте ги насечканите и измиксираните јагоди.

Со помош на миксер, изматете ја слатката павлака (да не биде премногу густа). Додадете јогурт, кондензирано млеко, сок од ½ лимон и 1 мала лажица изрендана кора од лимон. Повторно измиксирајте, за да се спојат состојките.

Смесата ставете ја во две широки, стаклени чаши. Редете наизменично јагоди и смеса од јогурт и слатка павлака. Изладете добро и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails