wordpress counter

Торта со кафе

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веруваме дека нема поголемо задоволство за љубителите за кафе и колач во моментот кога ќе успеат да ги спојат овие два вкуса во еден неверојатен десерт.

Денешниот рецепт е токму еден таков сладок специјалитет на кој тешко може да се оддолее.

СОСТОЈКИ

за бисквит
● 2 шолји брашно
● 2 шолји шеќер
● ¼ мала лажица сол
● 200 гр путер
● ½ шолја млеко
● 3 големи лажци инстант кафе
● 2 јајца
● 1 мала лажица прашок за пециво
● 2 мали лажици ванила

за крем
● 100 гр путер
● 450 гр шеќер во прав
● 2 големи лажици инстант кафе
● ¼ мала лажица сол
● 4 големи лажици слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: за бисквитот потребни се два кружни калапи за печење. Калапите пред да се стават во шпорет треба да се намачкаат со путер и да се попрскаат со брашно.

Чекор 2: во поголем сад, измешајте ги шеќерот, брашното и солта. Во помал сад истопете го путерот, а во друг сад загрејте чаша вода и во неа растворете го кафето. Кога ќе се истопи путерот, додадете му го кафето, оставете да проврие, а потоа отстранете го садот од оган и оставете го да се излади.

Чекор 3: во сад измешајте ги јајцата, прашокот за пециво и ванилата, а потоа многу полека налевајте ја смесата од кафе и путер. На крајот измешајте убаво со смесата со брашно. Вака добиената смеса е доволна за два бисквити. Смесата налејте ја во калапите и печете 20 минути на 180 степени.

Чекор 4: за кремот, потребно е путерот кој е на собна температура да се измиксира со шеќерот. Потоа, додадете кафе и сол и на крај изматен шлаг. Намачкајте го кремот помеѓу двата бисквит теста, а вишокот искористете го за декорација на горниот слој од тортата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Трезни за неколку секунди

Професорите Јунфенг Лу и Ченг Џи од Универзитетот во Лос Анџелес успеале да развијат инјекција која може да ве отрезни...

Close