wordpress counter

„Truffles“ со чоколадо и ѓумбир

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако ви се верува, оваа „чоколадна декаденција“ се приготвува мошне лесно. Иако, можеби сте виделе префектно оформени „truffles“, ако сакате да ги направите на оригинален начин, тогаш тие треба да имаат неправилни форми.

Токму како и свежите тартуфи кои ги вадиме од земјата.

СОСТОЈКИ
• 1/3 шолја слатка павлака
• 120 гр темно чоколадо, убаво исечкано
• 1 голема лажица сечкан кандиран ѓумбир
• 3 големи лажици какао во прав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете ја слатката павлака во мал сад за готвење. Садот ставете го на оган и оставете да зоврие. Потоа, слатката павлака тргнете ја од оган и ставете го чоколадото за да се растопи. Измешајте ја смесата. Додадете го ѓумбирот.

Чекор 2: оставете ја смесата на собна температура околу 30-тина минути. Во меѓувреме, земете еден сад и ставете фолија за печење. Смесата ставете ја во готварска ќеса или шприц. Правете мали чоколадни колачи со големина од 2.5 см. Оставете ги колачињата во замрзнувач, 20-30 минути.

Чекор 3: ставете го какаото во широк сад. Секое од колачињата убаво извалкајте го во какаото и потоа вратете го назад на фолијата. Повторно ставете ги во замрзнувач, овојпат 15 минути. Потоа, истресете го вишокот какао и сервирајте ги на собна температура.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Витка линија за превработените (2 дел)

Во првиот дел споменавме дека луѓето кои работат долго и напорно често имаат проблем со начинот на исхрана. Токму овие...

Close