wordpress counter

Велигденско мени (3 дел) — Десерти

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, про­сек: 5,00 од 5)


Ниту еден оброк не може да биде компле­тен без добар десерт. И Велиг­ден­скиот оброк завр­шува со вку­сен десерт. Наши пре­длози за пра­зни­ците се Реформ торта и Естер­хази торта.

Реформ торта

СОСТОЈКИ
• 8 јајца
• 0.5 кг шеќер
• 3 лажици бра­шно
• 250 гр мелени ореви
• 250 гр путер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изма­тете 8 белки со 250 гр шеќер. Дода­дете 250 гр мелени ореви и три лажици бра­шно. Печете во рерна 20 минути на 200℃.

Чекор 2: под­го­твете го филот. Изма­тете 8 жолчки со 250 гр шеќер и варете ги на уме­рен оган. Кога ќе се свари филот, оста­вете да се излади. Потоа, во него дода­дете 250 гр изма­тен путер.

Чекор 3: филу­вајте го тестото со при­го­тве­ниот крем и на крај деко­ри­рајте со мелени ореви.

.

Естер­хази торта

СОСТОЈКИ
• 12 јајца
• 550 гр шеќер
• 450 гр мелени лешници
• 5 лажици бра­шно
• 300 гр путер
• фон­дан
• пре­лив од чоколадо

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изма­тете ги белките од јај­цата со 300 гр шеќер за да доби­ете шлаг. Дода­дете 250 гр лешници и бра­шно и печете во рерна 15 минути на 200℃.

Чекор 2: за филот, пене­сто изма­тете ги жолч­ките со 250 гр шеќер на уме­рен оган. Откако сме­сата ќе се излади дода­дете 200 гр лешници и 300 гр путер. Филу­вајте го испе­че­ното тесто со крем, а на врвот на тор­тата излејте фон­дан и пре­лив од чоколадо.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

Spam Protection by WP-SpamFree

MILK

©2009-2013. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Слатки