wordpress counter

„Verrine“: Десерт во чаша

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


„Verrine“ е француски десерт кој се прави преку редење на различни слоеви во чаша. Може да биде и сладок и кисел и со тоа да биде и десерт и ужина. Денешните два наши предлози се вистинско слатко уживање.

Verrine“ со мармалад од малини
Состојки: 250 гр крем сирење, 55 гр шеќер, 2 лажици слатка павлака + 100 мл слатка павлака, 1 лажица екстракт од ванила, 1 лажица мармалад од малини (или некој друг по избор).

Приготвување: во блендер, измешајте ги сирењето, шеќерот, 2 лажици павлака и екстракт од ванила. Остатокот од слатката павлака измешајте го со миксер, а потоа додадете го на смесата со сирење. Одвојте една третина од смесата и додадете 1 лажица мармалад. Во чаша за пиво, ставете слој без мармалад, па потоа слој со мармалад. Оставете убаво да се излади.

Verrine“ од шумско овошје
Состојки: по 300 гр малини, боровинки и капини, 200 гр јагоди, 50 гр шеќер, 2,5 лажици желатин и една мала лажица желатин, 50 мл + 2 големи лажици ликер од малини, 200 мл слатка павлака.

Приготвување: измиксирајте го овошјето со помош на миксер и рамномерно распоредете го во два сада. Во едниот сад додадете ¼ од шеќерот. Во 50 мл ликер ставете 2,5 лажици желатин и ставете го во сад  над лонец во кој врие вода. Потоа, оваа смеса додадете ја на овошјето. Направете шлаг од павлаката. Една третина од шлагот додадете ја кон овошјето, промешајте и потоа ставете го и преостанатото количество. Распоредете ја смесата во 6 чаши и ставете ги во фрижидер, еден час. Во втората половина од смесата со овошје додадете го остатокот од шеќер и 2 лажици ликер. Остатокот од желатин измешајте го со 50 мл вода. Ставете го во сад врз лонец во кој врие вода. Додадете го желатинот во смесата. Распоредете ја смесата во чашите и оставете убаво да излади.

Related Posts with Thumbnails