wordpress counter

Забајоне

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Забајоне е фатастичен десерт, кој веруваме дека ќе ве остави без зборови. Барем додека го јадете. Најчесто се консумира топол, со додаток од овошје или колачиња.

СОСТОЈКИ (за 3-4 лица)
• 3 жолчки од јајца
• 3 големи лажици шеќер
• 5 големи лажици бело вино
• малку кора од портокал

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во горниот дел од двоен сад, или во обичен подлабок сад, се мешаат жолчките и шеќерот додека не се добие хомогена смеса. Потоа, се додава и виното и повторно добро се меша.

Чекор 2: ставете го садот врз друг сад во кој врие вода и продолжете да мешате сè додека не се добие пенеста смеса. Доволно е 6-8 минути. Не дозволувајте горниот сад да ја допре врелата вода од долниот сад, затоа што така може да добиете грутки.

Чекор 3: на крај, додадете ја кората од портокал. Се сервира веднаш.

Совет: можете да додадете и малку цимет, ако тоа одговара на вашиот вкус.

Related Posts with Thumbnails