wordpress counter

Англиски појадок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Традиционалниот англиски појадок се приготвува лесно и брзо, иако можеби нема да ви звучи така. Се состои од колбас, „black pudding“, грав, домати, печурки, сланина, јајца и тост.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 парчиња „black pudding“ (колбас од кромид, свинско месо, овес и зачини)
• 8 колбаси, засечени надолжно
• 250 гр сланина
• 16 шери домати, исечени на половина
• 4 лименки потпечен грав
• 4 парчиња интегрален леб
• 180 гр путер
• ¼ шолја јаворов сируп
• 8 печурки
• ¼ шолја маслиново масло
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад, варете ги шери доматите на слаб оган, додадете сол и потоа варете уште 20 минути. Потпечете ја сланината на фолија.

Чекор 2: во друг сад, прокрчкајте го гравот со 80 грама путер, јаворов сируп и кафен шеќер. Потпржете ги парчињата „black pudding“ на средна температура. Пржете 2-3 минути од секоја страна.

Чекор 3: испржете ги јајцата заедно со путер и сол и бибер во зависност од вашиот вкус. Потоа, во друг сад ставете ги печурките, посолете и попрскајте мелен црн бибер. Додадете малку маслиново масло и пржете 3-4 минути. Направете тост лепче, ставете путер и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails