wordpress counter

Данско печиво

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


За ова јадење постои интересна приказна. Имено, повеќето земји го нарекуваат данско печиво, а името му го дал данскиот готвач Клитенг, кој ја популаризирал оваа храна во Европа и САД. Меѓутоа, станува збор за печиво од Австрија и северните европски земји го нарекуваат „виенски леб“.

Како и да е, еве го рецептот за него:

СОСТОЈКИ (за 14 парчиња)
● 500 гр брашно
● 200 мл топло млеко
● 1 јајце
● 50 гр маргарин
● 1/3 пакетче свеж квасец
● 1 ½ мала лажици сол
● 1 ½ мала лажица шеќер
● 150 гр суво грозје
● рендана кора од портокал
● 3 големи лажици мед
● цимет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: изматете го квасецот со половина лажица сол, половина лажица шеќер и млеко. Оставете да отстои 10 минути. Во сад за мешање ставете брашно, маргарин, јајце, лажица сол, лажица шеќер и квасецот. Замесете мазно тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Ако е потребно, додадете малку вода или брашно за да го добиете саканиот квалитет.

Чекор 2: приготвеното тесто ставете го на работната маса и месете го 3-4 минути. Направете топка и вратете го во садот. Покријте со крпа и оставете 30 минути за да нарасне.

Чекор 3: посипете малку брашно на работната маса и ставете го стасаното тесто. Направете го во правоаголна форма и наредете суво грозје, кора од портокал и цимет. Потоа, направете ролна.

Чекор 4: намачкајте го садот за печење со малку путер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Пресечете го тестото на парчиња со големина од 2-3 см и парчињата печиво наредете ги во садот за печење. Печете 25-30 минути.

Чекор 5: во мал сад загрејте мед. Кога колачот ќе биде испечен, премачкајте го со топол мед. Сервирајте по желба – може да биде и топло и ладно печиво.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Италијанската мафија влезе и во кулинарскиот свет

При неколку неодамнешни акции, италијанската полиција открила бројни измами во производството на италијанска моцарела и пршута. Станува збор за фалсификување...

Close