wordpress counter

Фалафел со тахини сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е еден навистина посебен специјалитет кој ни доаѓа од традиционалната либанска кујна. Фалафелот се ќофтиња од леблебија, зачини и тревки, додека тахини сосот е микс од сусам и масло.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)

за фалфел
● 1 шолја конзервирана леблебија (исцедена) или сува леблебија
● 1 помал кромид, ситно исечкан
● 2 чешниња лук, згмечени
● 2 големи лажици свеж магданос, ситно сечкан
● 1 мала лажица мелен ким
● 1 мала лажица мелен коријандер
● 1 мала лажица сол
● ½ мала лажица црвен пипер
● ½ мала лажица прашок за печиво
● масло за пржење

за тахини сос
● ½ шолја тахини паста (паста од сусам)
● 4 ½ мали лажици сок од лимон
● ½ мал кромид, ситно сечкан
● ½ мала лажица сол
● ½ мала лажица бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги сите состојки за тахини сосот во блендер, заедно со ¼ шолја вода. Мешајте додека не добиете хомогена паста.

Чекор 2: за приготвување на фалафел, измешајте ги леблебијата, кромидот, лукот, магданосот, кимот, коријандерот, солта, црвениот пипер и прашокот за печиво. Мешајте во блендер сè додека не добиете смеса со конзистенција на трошки.

Чекор 3: во сад за пржење, загрејте поголема количина масло. Со помош на две лажици формирајте топчиња или дискови фалафел и печете ги на загреано масло со повремено свртување. Потребно е да добијат златно-кафена боја. По печењето, ставете ги на хартија за да се впише вишокот маснотија.

Чекор 4: фалфелот сервирајте го со тахини сос и пита леб.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Продукти кои смеат да се јадат доцна навечер

Сигурно безброј пати ви се случило да чувствувате голем глад во доцните вечерни часови. Наместо во тој момент да консумирате...

Close