wordpress counter

Фетучини со шунка и крем

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Фетучини, или во превод тенки ленти, е јадење карактеристично за римскиот регион. Се прават од јајца и брашно, а најчесто се комбинираат со пилешко или говедско рагу. Ние, денес, одбравме малку поинакви фетучини – со шунка и крем.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 120 гр пршута или нечадена шунка
• ¼ шолја путер
• 2 млади кромитчиња, ситно сечкани
• сол и бибер
• ¾ шолја павлака за готвење
• 1 пакување фетучини
• ½ шолја рендан пармезан
• малку магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечкајте ја шунката или пршутата на ситни коцкички. Во подлабок сад за пржење, прво растопете го путерот, а потоа додадете ги младите кромидчиња и шунката. Пржете додека не се добие златно-кафена боја.

Чекор 2: зачинете со бибер. Додадете ја павлаката, добро измешајте и нека се крчка на тивок оган додека ги варите фетучините.

Чекор 3: откако ќе ги сварите тестенините во вода со сол, добро исцедете ги, сервирајте ги во топол сад за служење и одозгора прекријте ги со кремот. Додадете пармезан и веднаш послужете. Декорирајте со малку магданос.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails