wordpress counter

Говедска тако салата

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е нешто навистина посебно. Не веруваме дека ако го приготвите нема да уживате. По секој залак, ќе биде неминовно она „мх, мх…“. Подгответе се и одвојте само половина час за неповторив вкус.

СОСТОЈКИ (за 6 порции)
• 1 кг говедско месо
• 400 гр маслинки
• 1 зелена салата
• чипс
• 1 мала лажица тако или скара сос
• 120 гр чедар сирење
• 1/3 шолја кисела павлака
• 450 гр црвен или црн грав

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечкајте го говедското месо на коцки и пропржете го во масло на умерен оган. Додадете ги маслинките, гравот и сосот.

Чекор 2: оставете смесата да се свари до вриење. Потоа, намалете го огнот. Оставете да се крчка уште 10-тина минути.

Чекор 3: на чинија за сервирање ставете парчиња зелена салата. Додадете од вкусната смеса со месо. Декорирајте со рендан чедар, домати и кисела павлака. Додадете чипс.

Bon apetit!

Related Posts with Thumbnails