wordpress counter

Говедско Строганоф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Станува збор за класично руско јадење, наречено по влијателното семејство Строганоф. Одличен избор за богат ручек со вашето семејство или блиски пријатели.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 лажици путер
• 2 лажици маслиново масло
• 1 лажица црвен пипер
• 1 кромид, ситно исечкан
• 250 гр печурки, исечкани
• 700 гр говедско филе, исечкано на парчиња
• 2 лажици сенф
• 1½ филџан павлака
• 2 лажици сок од лимон
• 3 лажици сенаменско брашно
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете го путерот во тавче за готвење и кога ќе се стопи додадете го кромидот и пржете додека да добие кафена боја. Кога кромидот ќе биде готов, додадете ги печурките и пржете ги додека да добијат убава златна боја. Кромидот и печурките пренесете ги на чинија.

Измешајте го брашното со солта, биберот и црвениот пипер и извалкајте ги парчињата говедско во него. Испржете го месото на маслиновото масло, додадете го кромидот и печурките, промешајте убаво и намалете ја температурата. Додадете ја павлаката, сенфот и сокот од лимон, промешајте неколку пати и послужете наросено со црвена пиперка.

Преземено од karmakasha.mk

Related Posts with Thumbnails