wordpress counter

Интересни рецепти со чај

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веруваме дека поголем дел од вас никогаш не го употребиле чајот како составен дел на некој рецепт. Интересно е дека во многу земји тој се користи за маринирање на месо, за подготовка на супа и ред други специјалитети. Денес ќе ви предложиме неколку рецепти кои се подготвуваат со различни видови чај.

Супа од чај

Со помош на чајот, супата добива сосема нова димензија. Особено се препорачува ако подготвувате супа од зеленчук. На пример, за супа од моркови се потребни следниве

СОСТОЈКИ
• 400 гр морков
• праз и кромид
• 2 лажици путер
• 2 листа од ловор
• 3 каранфилчиња
• сол и бибер
• 4 лажици Ерл Греј
• 330 мл вода

ПОДГОТОВКА
Сварете го чајот по вообичаена постапка и оставете го да отстои 5 минути. Зеленчукот исечкајте го на коцки и потоа прелијте го со чај. Додадете ловоров лист и каранфличиња и варете 15 минути. Потоа, смесата добро измиксирајте ја, додадете сол и бибер по вкус и прелијте ја со павлака за готвење.

.

Маринада од чај

Чајот го збогатува вкусот на месото и го прави сочно и меко. Со свинско месо, најдобро оди маринада од црн и зелен чај, додека за пилешко месо поприкладен е Ројбос. При подготовка, месото треба да се потпече од двете страни и потоа преку ноќ да се остави во маринада која се состои од 125 гр чај, 2 литра вода, 100 гр шеќер, 50 гр сол, 200 гр масло од сусам и 80 гр соја сос.

Related Posts with Thumbnails