wordpress counter

Кинескa кујна: Пилешко месо со зелка, шитаке печурки и ротквици

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Овој викенд го посве­ту­ваме на кине­ската кујна и нив­ните спе­ци­ја­ли­те­тите. За убав неде­лен ручек во го пре­дла­гаме овој рецепт за пиле­шко месо на скара, под­го­твено на кине­ски начин.

СОСТОЈКИ
• вио­ле­тов кро­мид, исеч­кан на 8 кру­гови
• 8 големи шитаке печурки, варени
• 8 рот­квици
• 4 мали кине­ски зелки, исе­чени на поло­вина по должина
• 1 голема жолта бабура, исеч­кана надо­лжно на 8 ленти
• 1 ¼ шолја сос од манго и сусам
• 6 пиле­шки гради без коска

ПОДГОТОВКА
Наре­дете го зелен­чу­кот на пого­лема хар­тија за печење. Пре­мач­кајте го со сос од манго и сусам (1÷3 од под­го­тве­ното) и попр­скајте со сол и бибер.

Пиле­шките гради ста­вете ги на фолија. Пре­мач­кајте ги со 1/3 од сосот и ста­вете сол и бибер.

Под­го­твете ја ска­рата и решет­ката испр­скајте ја со масло во спреј. На уме­рена темпе­ра­тура испе­чете го зелен­чу­кот (8 минути за кро­ми­дот и 4 минути за дру­гиот зелен­чук). Вртете го зелен­чу­кот повре­мено во текот на пече­њето. Откако ќе завр­шите, вра­тете го зелен­чу­кот на хар­ти­јата за печење.

Пиле­шкото месо треба да се пече околу 5–6 минути од секоја страна. Откако ќе се излади (5−10 минути), серви­рајте го на чинија заедно со зелен­чу­кот. Гар­ни­рајте со пре­о­ста­на­тиот сос.

Сос од манго и сусам

СОСТОЈКИ
• ¾ шолја расти­те­лно масло
• ¾ шолја манго сос
• 6 големи лажици оцет (по можност ори­зов)
• 3 чешниња лук
• 7 мали лажици соја сос
• 1 ½ голема лажица масло од сусам
• 1 ½ мала лажица сенф (по можност дижон)
• 1 ½ мала лажица сува толчена црвена пиперка

ПОДГОТОВКА
Сите состојки ста­вете ги во блен­дер и добро изме­шајте ги. Зави­сно од вку­сот, може да дода­дете сол и бибер. Се служи ладен. Може да се чува до една недела.

Манго сос

СОСТОЈКИ
• 1/2 шолја шеќер
• 1/4 шолја дести­ли­ран бел оцет
• 1 манго, исеч­кан на коцки
• 1 мал кро­мид
• 20 гр шолја суво гро­зје
• малку ѓум­бир
• 1 чешне лук
• 1 мала лажица синап

ПОДГОТОВКА
Изме­шајте ги шеќе­рот и оце­тот, ста­вете ги во сад и варете сѐ додека не зоври­јат. Мешајте за да се рас­топи шеќерот.

Потоа, дода­дете ги и оста­на­тите состојки и варете сѐ додека не добие форма на сируп (при­бли­жно 45–60 минути). Повре­мено про­ме­шајте ја смесата.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Странска кујна