wordpress counter

Кинески ориз со зеленчук и шкампи

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


На денешното мени имаме еден фантастичен кинески специјалитет. Оваа комбинација на ориз, зеленчук и шкампи може да ја приготвите или за ручек или за вечера.

Важно, кога и да ја направите, ќе уживате во посебниот вкус.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
● 1 шолја ориз
● 250 гр шкампи
● 200 гр брокули
● 1 коцка за супа
● 1 морков
● ¼ праз
● 1 чешне лук
● 1 црвена пиперка
● масло за пржење
● масло од сусам
● соја сос
● 2 јајца
● сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете го оризот во сад со 2 шолји вода (однос 1:2). Додадете ја коцката за супа. Оставете водата да зоврие и притоа повремено промешувајте ја течноста. Откако водата ќе проврие, намалете го огнот на минимум, покријте со поклопец и варете уште 5 минути. Исклучете ја ринглата и оставете го садот со ориз уште 10 минути на шпорет.

Чекор 2: испржете омлет од 2 јајца, свиткајте го како ролат и исечете го на резанки. Во длабок сад или вок тава загрејте малку масло на висок оган. Потоа, додадете ги исечканиот морков, пиперка, праз, брокули, лук и домати. Посолете и пржете минута до две со постојано мешање.

Чекор 3: додадете го оризот и пржените јајца, ставете бибер и соја сос. Добро измешајте и сервирајте топло.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Супа од црвена леќа

Супата од црвена леќа е идеален начин да бидете сити без да ја покачите телесната тежина. Имено, една порција од...

Close