wordpress counter

Лахмаџун

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (27 гласа, просек: 4,11 од 5)


Турската кујна е е една од највкусните и најпосебните кујни на светот. Таа, во голема мера, е наследство од Отоманскиот период и претставува интересна комбинација од балканските, медитеранските и блиско-источните кујни.

За денес, од големиот избор кој ни стои на располагање, ние ви предлагаме Лахмаџун.

СОСТОЈКИ (за 4-6 порции)
• 1 мала лажица шеќер
• 40 гр сув квасец
• 2 шолји брашно
• 1 ½ мала лажица сол
• ¼ шолја маслиново масло
• 3 големи лажици пире од домати
• 1 голема лажица ситно исечкан магданос
• ½ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица ким
• 1/8 мала лажица цимет
• 100 гр ситно сечкано јагнешко месо
• 2 чешниња лук
• 1 шери домат
• 1 мал кромид
• ¼ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Измешајте шеќер, квасец и ¾ шолја вода во мал сад и загрејте ја смесата на температура од околу 110℃. Смесата приготвувајте ја околу 10-тина минути или поточно додека не стане пенеста. Потоа, во друг сад, ставете брашно и сол и  во средина ставете ја смесата со квасец. Измешајте добро, за да добиете тесто. Потоа, тестото префрлете го на работна површина на која сте ставиле малку брашно. Замесете го тестото (околу 5-6 минути). Пренесете го замесеното тесто во сад кој е малку намаслен и покријте со платична фолија. Оставете го тестото да нарасне двојно (околу 1 час). Потоа, тестото поделете го на 4 дела и од секој дел направете топка. Пренесете ги топките од тесто на побрашнета хартија за печење. Прекријте со влажна крпа и оставете да отстои 45 минути.

Во меѓувреме, направете го „топингот“. Во голем сад измешајте масло, пире од домати, магданос, бибер, ким, црвен пипер и цимет. Промешајте добро. Потоа, додадете ги и јагнешкото месо, лукот, доматите, кромидот и зачинете со сол. Повторно промешајте и оставете настрана.

Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Со помош на сукало, од топката тесто направете диск со дијаметар од 25 сантиметри. Поставете го тестото на хартија за печење, ставете 3-4 лажици од смесата со месо и убаво размачкјате ја по цела должина на тестото. Додадете сол. Подигнете го тестото заедно со хартијата и ставете го во сад за печење. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја, односно 6-8 минути. Истото направете го и со другите топки тесто.

Гарнирајте со крупно сечкана зелена салата.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails