wordpress counter

Печено јагнешко месо на турски начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт ни доаѓа од турската кујна. Со оглед дека овој тип на месо таму е мошне популарен, овој рецепт е вистински специјалитет. Еве што ви е потребно за да го приготвите:

СОСТОЈКИ (5 порции)
• 1 кг јагнешко месо
• 2 големи лажици путер
• 6 млади кромидчиња
• сол
• 1 мала лажица бибер
• 1 мала лажица мајчина душица
• 5 домати

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во поголем сад, истопете го путерот на оган. Потоа, додадете ги во садот месото и младите кромидчиња и затворете со капак.

Чекор 2: динстајте на умерен оган, со повремено мешање на состојките, сè додека не се сварат.

Чекор 3: откако состојките ќе се сварат, потпечете ги околу еден час. Потоа, додадете сол, бибер и мајчина душица. Печете уште 15-тина минути.

Сервирајте го месото сечено на парчиња и попрскано со мајчина душица, сол, бибер и домати.

Related Posts with Thumbnails