wordpress counter

Пита со црвен портокал

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Попу­лар­но­ста на ово­шните пити расте од ден во ден. Можат да се напра­ват буква­лно со сека­ков тип на овошје, но за денес, ние решивме да ви ја прет­ста­ву­ваме питата со црвен портокал.

СОСТОЈКИ (за 8 пар­чиња)
• 200 гр шеќер
• кора и сок од 3 црвени пор­то­кали
• 2 јајца и 6 жолчки
• 200 гр путер
• 3 црвени пор­то­кали, излу­пени и исе­чени на трклаца
• 1 голема лажица кафен шеќер
• 25 см (во дија­ме­тар) тесто за ово­шна пита
• малку слатка павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Со помош на жица, изме­шајте ги сокот и кората од пор­то­кал, јај­цата и жолч­ките. Путе­рот и сме­сата ста­вете ги во тава која ќе ја држите врз сад со вода која врие (дното на тавата да не ја допира водата која врие).

Варете околу 15–20 минути, одно­сно сѐ додека путе­рот не се рас­топи и сме­сата не се згусне.

Целата смеса ста­вете ја врз испе­че­ното тесто за пита. Покријте со пла­стична фолија, за да не се создаде кора и оста­вете да се излади. Кога ќе се излади, наре­дете ги кру­го­вите пор­то­кал и попр­скајте со кафен шеќер.

Серви­рајте со шлаг.

.
Тесто за ово­шна пита

СОСТОЈКИ
• 150 гр путер, изла­ден
• 275 гр бра­шно
• 3 големи лажици вода
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица кора од лимон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исеч­кајте го путе­рот на помали пар­чиња и изме­шајте го со бра­шното, кората од лимон и шеќе­рот. Со помош на мик­сер или блен­дер, измеш­јате ги сите состојки. Мешајте додека не доби­ете смеса слична на песок. Потоа, посто­јано меша­јќи, полека дода­вајте од водата сѐ додека не доби­ете меко тесто. Замо­тајте го во пла­стична фолија и оста­вете го во фри­жи­дер 30 минути.

Загрејте ја рер­ната на 200℃. Ису­кајте го тестото и ста­вете го во сад за печење со дија­ме­тар од 25 цм. Отсе­чете ги кра­е­вите кои изле­гу­ваат од садот, а со оста­то­кот напра­вете кора. Боц­нете го тестото на неко­лку места со вилу­шка и покријте го со хар­тија за печење. Печете околу 20 минути. Вни­ма­вајте на кората. Кога ќе добие златно-кафена боја, тогаш тестото е подготвено.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Странска кујна