wordpress counter

Похувани школки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт го посветуваме на турската кујна и нивните специјалитети. Интересно е дека македонската кујна трпела големо влијание од турската кујна, но сепак денешниот рецепт е морска храна и нема никаква поврзаност со нас.

СОСТОЈКИ
• 60 големи школки
• 2 шолји брашно
• за похување
• 1 шолја брашно
• 1.5 шолја пиво
• за пржење
• ½ л масло за пржење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: отстранете го тврдиот дел од месото на школката. Измијте ги школките и убаво исушете ги на салфетка или хартиена крпа.

Чекор 2: попрскајте брашно на работната површина. Извалкјате ги школките од двете страни во брашното. Во меѓувреме, измешјате 1 шолја брашно со 1.5 шолји пиво.

Чекор 3: потопете ја секоја школка во оваа смеса и потоа пржете во добро загреано масло. Пржете додека двете страни не добијат златна боја. Пржените школки ставете ги на слафетка, за да се впие вишокот на маснотија.

Сервирајте со таратор.

Related Posts with Thumbnails