wordpress counter

Потпечена фритата со зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Фритата е јадење кое се базира на јајца, слично на омлет или киш, но дополнето со состојки како месо, сирење, зеленчук или паста. Секако, може да содржи и повеќе различни зачини.

За денес, ви предлагаме потпечена фритата со зеленчук.

СОСТОЈКИ (за 6 лица)
● 100 гр печени тиквици
● 150 гр печени компири
● 100 гр печен кромид
● 100 гр печени зелени пиперки
● 100 гр печени домати
● 150 гр фета сирење
● 2 шолји сечкан спанаќ
● 5 јајца
● 250 гр урда
● сол и бибер
● ¼ шолја чедар

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте го дното на садот за печење со малку путер. Пресечете го печениот зеленчук на мали парчиња и додадете го во садот за печење.

Чекор 2: пресечете го фета сирењето на парчиња со големина од 2 сантиметри. Исечете го спанаќот и ставете го во сад со вода во микропечка за да омекне (околу 2 минути). Потоа, измешајте го со другиот зеленчук.

Чекор 3: изматете ги урдата и јајцата заедно. Зачинете со сол и бибер. На оваа смеса додадете ја и фетата и потоа сè измешајте со зеленчукот. Попрскајте со чедар и печете 20-25 минути.

Пресечете на парчиња и сервирајте со салата.

Related Posts with Thumbnails