wordpress counter

Слатки и солени кроасани како вкусен појадок

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Класичниот француски појадок не се приготвуа лесно, но трудот секако ќе ви се исплати. Денес ви претставауваме два рецепти токму за омиленото утринско јадење на Французите – кроасан.

Кроасани со шунка и кашкавал
СОСТОЈКИ: 700 гр брашно, 50 мл млеко, 2 големи лажици кисела павлака, 2 големи лажици масло, 2 јајца, 200 гр путер, квасец и сол. За филот ќе ви бидат потребни 200 гр шунка и 200 гр кашкавал.

ПРИГОТВУВАЊЕ: направете тесто од сите состојки освен путерот. Направете 4 топки. Секоја од нив убаво измесете ја и направете тенко тесто. Секое тесто премачкајте го со 50 гр путер и наредете ги едно врз друго.  Сечете на триаголници и врз нив ставете парче шунка и парче кашкавал. Оставете да отстојат час и половина, премачкајте со јајце и печете 15 минути на 250 степени.

Кроасани со чоколадо
СОСТОЈКИ: 100 мл млеко, 1 коцка квасец, 1 лажица шеќер, 200 гр путер, 3 жолчки, 350 гр брашно, 2-3 лажици шеќер, 200 гр чоколадо.

ПРИГОТВУВАЊЕ: направете тесто од брашното, млекото, квасецот, шеќерот, маргаринот и жолчките. Поделете го тестото на два дела и добро исукајте го. Направете 16 кругови и сечете на триаголници. На секое триаголниче ставете чоколадо и обликувајте ги како кроасани. Печете 15 минути на 250 степени.

Совети

● млекото за тесто мора да биде млако, никако студено;
● путерот мора да биде квалитетен и да биде изваден од фрижидер еден час пред да почнете да готвите.

Related Posts with Thumbnails