wordpress counter

Слатко-кисел зеленчук со ориз

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 4,82 од 5)


Со оглед дека сосот „Uncle Ben’s Sweet&Sour“ го прогласивме за производ на месецот, денешниот рецепт е вкусен зеленчук со нашиот производ на месецот во комбинација со ориз.

Времето на подготвка е само 25 минути. Уживајте!

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 250 гр ориз
• 1 голема лажица (15 мл) растително масло
• свеж мешан зеленчук (сладок кромид, пиперки, моркови)
• 1 шолја конзервиран ананас, исечкан на коцки со сок
• 1 шолја (250 мл) „Uncle Ben’s Sweet&Sour“

 ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете го оризот. Во меѓувреме, во сад за пржење загрејте го растителното масло на умерен оган. Кога ќе се загрее маслото, додадете го мешаниот зеленчук и ананасот. Пропржете околу 5 минути, односно додека не омекне зеленчукот.

Налејте го слатко-киселиот сос и оставете да врие околу 5 минути. Вака приготвениот зеленчук ставете го врз сварениот ориз. Сервирајте топло.

 Совети: слатко-киселиот сос може да го замените со сос од сливи. Доколку немате свеж зеленчук, можете да употребите замрзнат. Ако сте во можност наместо конзервиран, користете свеж ананас.

Related Posts with Thumbnails