Солени мексикански палачинки
Овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна. Се подготвува за околу 2 часа и е навистина вкусно. Пред да го сервирате, послужете по една текила, за да биде комплетно мексиканското чувство.
СОСТОЈКИ
• 500 гр мелено месо
• 1 лименка црвен грав
• 1 лименка пченка
• 1 кромид
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 400 гр гауда
• 20 гр слатка павлака за готвење
• сок или пире од домати
• палачинки
• пармезан
• зачин за скара (опционално)ПОДГОТОВКА
За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови.Во длабока тава (по можност вок тава) издинстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати.
Смесата пржете ја сѐ додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка.
Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга.
Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сѐ додека пармезанот не добие златна боја.











samo sto ne se pravi ova so pbicni palacinki tuku so tortilji
Секако дека рецептот се подготвува со тортиљи. Но, како што велиме на самиот почеток: „овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна.“. Значи, ова е рецепт кој е прилагоден и поедноставен за нашето поднебје.