Солени мексикански палачинки
Овој рецепт е одлична комбинација од домашна и странска кујна. Се подготвува за околу 2 часа и е навистина вкусно. Пред да го сервирате, послужете по една текила, за да биде комплетно мексиканското чувство.
СОСТОЈКИ
• 500 гр мелено месо
• 1 лименка црвен грав
• 1 лименка пченка
• 1 кромид
• 1 црвена пиперка
• 1 зелена пиперка
• 400 гр гауда
• 20 гр слатка павлака за готвење
• сок или пире од домати
• палачинки
• пармезан
• зачин за скара (опционално)ПОДГОТОВКА
За оваа количина на смеса се потребни 12 палачинки. Доколку немате време да ги подготвите, можете да ги купите и готови.Во длабока тава (по можност вок тава) издинстајте ги кромидот и месото. Потоа, посолете и оставете водата да испари. Додадете ги црвената и зелената пиперка, исечкани на коцки. Во смесата додадете и зачин за скара или само бибер. Дополнете со пире или сок од домати.
Смесата пржете ја сѐ додека не омекнат пиперките и додека не испари водата. Потоа, додадете ги лименките црвен грав и пченка.
Со оваа смеса полнети ги палачинките, посипајте ги со пармезан и намотајте ги како што тоа вообичаено се прави. Потоа, наредете ги во тава една до друга.
Павлаката за готвење измешајте ја со сок од домати, малку посолете и налејте врз палачинките. Попрскајте со пармезан и печете на температура од 200°С, сѐ додека пармезанот не добие златна боја.









Коментирај