wordpress counter

Суши

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Суши е јапонски деликатес кој денес е светски популарен. Не е едноставен за приготвување, но веруваме дека ќе биде вистински предизвик да се зафатите со овој рецепт.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 125 гр чаден лосос
• 200 гр свеж лосос
• 100 гр стапчиња краби
• 100 гр исчистени шкампи
• авокадо
• пакување Нори алги
• краставица
• морков
• 3 јајца
• 2 шолји ориз
• 2 шолји вода
• ¼ шолја оцет
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица сол
• неколку капки соја сос
• васаби (замена)
• 2 големи лажици рен
• 2 големи лажици грашок
• 1 мала лажица сенф

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измијте го оризот во неколку води. Потоа, во сад потопете го со 2 шолји вода и оставете го да отстои 30-тина минути. Подоцна, ставете го садот на шпорет и вклучете ја ринглата. Кога ќе проврие водата, намалете ја температурата на минимум и варете го оризот во затворен сад уште 10 минути. Кога ќе биде готов, исклучете го шпортетот и оставете го садот со ориз уште 20 минути.

Чекор 2: потоа, ставете го оризот во друг сад, помешајте го со смеса од шеќер, сол и оцет и полека мешајте го за да се одвои секое зрно. Оставете да се излади.

Чекор 3: во меѓувреме, направете замена за васаби. Во блендер, измешајте ги грашокот, сенфот и ренот. Ставете го во фрижидер, за да се излади. Направете омлет од јајцата и потоа свртете го во ролна како палачинка. Исечете ги краставицата и морковот на еднакви стапчиња.

Чекор 4: употребете ја вашата имагинација. Ставете нори алга (ако е извиткана, исправете ја така што ќе ја држите кратко над рингла) и врз неа наредете тенок слој ориз, потоа васаби, омлет, риба или зеленчук (по ваш избор). Потоа, направете ролна и исечете во ширина од 2 сантиметри за да добиете пресек. Можеби звучни сложено, но вреди да се проба.

Совет: пред да почнете да ги правите суши парчињата, направете мешавина од 3 дл вода и 3 големи лажици оцет и со оваа смеса ќе ги навлажните дланките за да не ви се лепи оризот за раце.

Related Posts with Thumbnails