Табуле
Табуле е ориентална салата, особено карактеристична за арапскиот свет. Ова е традицонално мезе, кое подоцна преку Кипар е пренесено во западниот свет.
Можете да го вкусите и во Скопје, но ако сакате да го зготвите во домашни услови, тогаш ќе ви бидат потребни следниве:
СОСТОЈКИ (4-6 лица)
● 3 големи лажици булгур
● половина килограм домати, ситно сечкани
● 3 ½ шолји магданос, ситно сечкан
● 1 ¼ шолја нане листови, ситно сечкани
● ½ шолја сок од лимон
● 5 големи лажици маслиново масло
● ¼ мала лажица цимет
● ¼ мала лажица бибер
● 4 млади кромидчиња, ситно дијагонално сечкани
● солПРИГОТВУВАЊЕ
Измешајте го булгурот со ½ шолја топла вода и оставете да отстои околу 10 минути. Исцедете го, добро измијте го со вода и потоа ставете го во друг сад. Исмешајте го со сите други состојки и веднаш сервирајте го.
