wordpress counter

Бургер од печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


БУРГЕР ОД ПЕЧУРКИ

И повторно, брз оброк инспириран од мојата потрага по здрава и вкусна храна. Едноставно, не можам да одолеам на свежината и шаренилото на состојките и ова е уште еден ден кога не успевам да се справам со помислата на овој превкусен бургер.

Сега можете да си направите скара во повеќе облици и апсолутно сите да уживате во убавите летни денови. Погледнете како вегетаријанските оброци може да бидат многу практични и едноставни, а се корисни за сите, особено за месојадците. Помагаат во регулирање на маснотиите и протеините што ги внесувате со месото од една страна, а од друга се иновативен начин за поинаков оброк или ужина. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ за 1 бургер
• 1 голема печурка буковка
• 100 г конзервирани печурки, сечкани
• 1 лепче за сендвич
• сечкана марула
• 1 средно голем домат, сечкан на кругови
• 1 средно голем кромид, сечкан на кругови
• сенф
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Буковката премачкајте ја со малку маслиново масло и печете ја на скара 3 минути. Потоа, свртете ја од другата страна и печете уште 2 минути. На сендвич лепчето нанесете сенф по вкус и наредете ја сечканата марула, сечканиот домат, кромидот и сечканите печурки. На крајот ставете ја буковката од скара и затворете го сендвичот.

СОВЕТИ
Доколку не ја приготвувате на скара, секако може да се пржи во тава на умерена температура. Иако, вкусот на буковка на скара е незаменлив.

Бидејќи периодот на свежи марули заврши, доколку не успеете да најдете, слободно преформулирајте го бургерот со зелка или краставица – нема да згрешите.

Буковка
лат. Pleurotus ostreatus

Оваа печурка ја има низ целата наша држава во изобилство. Покрај вкусот има и многу други позитивни страни, како: го јакне имунитетот и спречува развивање на тумор; помага при анемија, го намалува холестеролот и триглицеридите во крвта; дејствува антиканцерогено, ја зголемува физичката активност, ја намалува телесната тежина и високиот крвен притисок; се користи за ублажување на болки и релаксирање на мускулите, лечење на лумбаго и вкочанетост на екстремитетите. Богата е со витамини Б1, Б2, Б5, Б6, Б7, П и многу минерали.

Еве и нутрициски профил на буковката, кој може да ви користи во контролирањето на телесната тежина.

Во 100 г буковка:

Енергетска вредност: 200 kj/48 kcal
Протеини: 3.0 г
Јаглехидрати: 6.98 г
Масти: 0.0 г
Минерали: фосфор 72 мг, калиум 276 мг, калциум 3.2 мг, магнезиум 21 мг.

Related Posts with Thumbnails