wordpress counter

Канелони со блитва и козјо сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Станува збор за модификација на класичните канелони, па наместо секаде користената комбинација од спанаќ и сирење (рикота), ние ќе искористиме блитва и козјо сирење.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 0.5 кг блитва
● сол и бибер
● ¼ шолја маслиново масло
● 2 главици кромид, ситно сечкани
● 200 гр козјо сирење, дробено
● ½ шолја пекорино, рендано
● 1 ¼ шолја леб, сечкан на коцки
● 2 големи лажици маслиново масло
● 1 пакување канелони
● 2 шолја сос од домати
● ½ шолја лебни трошки

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечете ги зелените листови од стеблото на блитвата и ставете ги на страна. Во поголем сад ставете солена вода и оставете да зоврие. Потоа ставете ги листовите блитва во водата и  варете 3-4 минути. Извадете ги листовите и полијте ги со студена вода. Потоа, сварете ги и стебленцата блитва (околу 5 минути). И нив потопете ги во студена вода и ставете ги со блитвата. Исечкајте ја блитвата на помали парчиња.

Чекор 2: загрејте ¼ шолја масло. Додадете го кромидот и пропржете го околу 3 минути. Додадете ја сечканата блитва и динстајте на умерен оган околу 2 минути. Оставете да се излади.

Чекор 3: додадете ги козјото сирење, ¼ шолја пекорино и лебни коцки и промешајте. Зачинете со сол и бибер и тргнете го садот од оган. Додадете го сосот од домати.

Чекор 4: загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го садот за печење со масло. Наполнете ги канелоните со смесата и потоа ставете ги во садот за печење. Премачкајте ги со масло. Во меѓувреме, измешајте лебни трошки и ¼ шолја пекорино и попрскјате го тоа врз канелоните.

Чекор 5: печете 15-20 минути. Сервирајте веднаш, со малку сос од домати.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Видео: Храната на Шри Ланка

Секоја земја има своја посебна гастрономска традиција и специјалитети. Веруваме дека ќе ве заинтересира традицијата и на оваа далечна азиска...

Close