wordpress counter

Кинеска, за вегетаријанци

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


КИНЕСКА ЗА ВЕГЕТАРИЈАНЦИ

За овој убав кинески специјалитет не ви треба големо искуство во кујната. Ви треба само малку време и љубопитност. Наместо да дадете голема сума пари во кинеските ресторани, кои кај нас се доста скапи, можете да си приредите егзотичен оброк од кој тешко се наситува. Но внимавајте, ова е толку вкусно, што ако еднаш го пробате, ќе морате да го готвите секој ден и верувајте, нема крај на гладтта за тестенини на кинески начин. Сè што ви треба за овој рецепт е сезонско и може да се најде свежо на нашите пазари. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 3 супени лажици растително масло
• 150 гр. варени тестенини
• 3 млади кромида, ситно сечкани
• сок од 1 лимон
• 75 гр сечкани печурки
• 2 супени лажици сечкан коријандер
• 2 супени лажици сечкано нане
• 2 супени лажици соја сос

ЗА ПРЖЕЊЕ НА МЛАДИОТ КРОМИД
• 250 мл масло за пржење
• 6 млади кромида, само белиот дел
• 100 гр брашно
• 50 мл вода

ПОДГОТОВКА
Во вок тава, загрејте го маслото и додадете ги варените тестенини, младиот кромид, печурките и сокот од лимон. Гответе 5 минути. Додадете го коријандерот, нането и соја сосот, и потоа тргнете ја тавата од оган. Во длабок сад измешајте го брашното и водата во еднаква смеса. Младиот кромид извалкајте го во ова тесто. Маслото за пржење загрејте го во тава за пржење. Во неа пржете го кромидот 2 минути, дури да порумени, а потоа ставете го на хартија да се исцеди маслото. За сервирање, поставете ги зготвените тестенини и печурки како основа, а врз нив гарнирајте со пржениот млад кромид.

ВОК – длабока кинеска тава
е алатка за готвење со овално дно, која потекнува од Кина. Се користи за многу готвачки методи како: варење, крчкање, длабоко пржење, чадење, готвење на пареа, динстување и слично.

Related Posts with Thumbnails