wordpress counter

Кус кус со бобинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, про­сек: 1,00 од 5)

Кус кус со бобинки е веге­та­ри­јан­ско јадење кое со задо­во­лство ќе го кон­су­ми­раат и љуби­те­лите на месо, како и децата. Се под­го­твува околу 15 минути и може да се послужи како главно јадење. Ова јадење е карак­те­ри­стично за пролетно-летниот период, во кој сега навлегуваме.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)

• 185 гр инстант кус кус
• 500 мл сок од јабо­лка и бру­сници
• 1 ста­пче цимет
• 250 гр малини
• 250 гр боро­винки
• 2 мали лажици кора од пор­то­кал, за деко­ра­ција
• 185 мл јогурт
• лив­чиња нане

ПОДГОТОВКА

Ста­вете ја содр­жи­ната од ќесич­ката со кус кус во сад. Во лонец ста­вете го сокот од јабо­лка и бру­сница и дода­дете го ста­пчето цимет. Лоне­цот ста­вете го на оган и оста­вете да зоврие. Потоа, пре­лијте го сокот со цимет врз кус кусот. Покријте го садот со кус кус со пла­сти­чен капак и оста­вете го 10-тина минути за да го впие сокот. Потоа, отстра­нете го ста­пчето цимет.

Отстра­нете ги сокот и сем­ките од мали­ните и боро­вин­ките. Потоа, посте­пено дода­дете ги пове­ќето од бобин­ките и кората од пор­то­кал кон кус кусот.

Рас­пре­де­лете го јаде­њето во четири чинии и секоја пор­ција поси­пете ја со оста­то­кот од малини и боро­винки. Деко­ри­рајте со кора од пор­то­кал и лив­чиња нане. Серви­рајте со јогурт.

Совет: Одли­чен избор за секој што се грижи за сво­ето здра­вје. Доко­лку не можете да нај­дете малини и боро­винки може да упо­тре­бите замр­знати бобинки, одно­сно шум­ско овошје.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Вегетаријано